„Само лудак би се обидел да направи Влада без Албанците.“ – изјави Кренар Лога, министерот за правда од редовите на Алијансата за Албанците синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ 21.
ТВ 21 пишува: „Во теорија – да. Но во пракса само лудак би се обидел да формира Влада без Албанците, бидејќи во истата секунда би ја легитимирал другата кауза!“ – предупреди министерот за правда Лога, вака зборувајќи за улогата на Албанците во Владата. Според него, таков чекор би создал спротивен чекор и од Албанците. „Спротивното на таква етничка Влада би била една друга етничка Влада.“ – укажа Лога.
„Шиптари, говедо, неспособни’ – такви погрдни изрази има користено за Албанците претседателката на Судот во Куманово Снежана Манев.“ – изнесе Лога, соопштувајќи дека им објавил отворена војна на претседателката на кумановскиот Суд и на Судскиот совет.
Лога посочи на извештајот на Институтот за социологија, според кој претседателката на кумановскиот суд не го поминала тестот за интегритет, но сепак повторно е избрана како негова претседателка. „Оваа судијка падна на испитот за инегритет, но повторно ѝ е дозволено да ја врши таа функција. Вчера имаше таков тест за кандидати и беа отстранети оние, кои не го поминаа тестот.“ – рече Лога.
Министерот за правда Лога ја искажа својата посветеност да го реформира Судскиот совет. „Тие не си го нарушија својот сон, и министрите и претседателот на Судскиот совет.“ – изнесе Лога говорејќи за „пропустите“ на овој Совет при изборот на судиите.
Тој се огласи со изненадувачка изјава во врска со влијанието врз судиите во * Македонија: кажа дека олигарсите повеќе ги контролираат судиите, отколку политичарите. „Олигарсите ги контролираат повеќе судиите и обвинителите, отколку политиката.“ – рече Лога.





