Лога: Дури откако ќе се внесат Бугарите во Уставот ќе се отстрани главната пречка во борбата против корупцијата и државата ќе тргне напред!

„Според министерот за правда Кренар Лога, главна пречка во борбата против корупцијата се уставните измени. Тој подвлекува дека дури по затворањето на овој процес вниманието и фокусот ќе почнат да се враќаат на главните проблеми на општеството и државата.“ – објави ТВ Алсат“ во својата информација со наслов „Зачудувачка изјава на Лога: Уставните измени – пречка во борбата против корупцијата!“.



ТВ Алсат пишува: „Државата мора да оди напред и главна пречка во овој момент се уставните измени.“ – нагласи Лога.

Директно запрашан дали уставните измени би ја намалиле корупцијата во државата, тој одговори: „Фокусот и вниманието на целата јавност и на државата ќе почнат да се враќаат на главните проблеми на општеството и државата.“