Министерот за земјоделство Љупчо Николовски најверојатно живее од воздух, зашто како што рече, платежните картички ги изгубил во Бирсел и не знае колку пари му легнале на сметка. На што ќе го троши новото покачување не кажа, зашто како што рече, и кога ќе го добиел, ќе донирал.

До сега, само Николовски го даде најоригиналниот одговор по новото зголемување на функционерските плати за 78%, кое предизвика лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Пресметките покажуваат дека само за нето плати плус придонесите за 20-те членови на Владата, ќе бидат исплатени речиси 750.000 евра, а само за премиерот државата ќе плаќа околу 47.000 евра годишно.

Треба да се почитува, со оглед на тоа што одлука на Уставен суд е конечна, рече премиерот.
Нешто помалку државни пари ќе бидат платени за човекот кој не знаеше колкава плата ќе добивал, првиот човек на полицијата. За министерот за внатрешни ќе се плаќаат блзу 46.000 евра. Кога на 750-те илјади евра за првите луѓе во Владата, ќе се додадат и годишните плати на собранискиот спикер и македонскиот претседател, сумата надминува и 850 илјади евра. За Талат Џафери и Стево Пендаровски ќе се одлеат речиси 50.000 евра годишно.





