На денешната седница, Советот на јавни обвинители едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител.
Кандидатот Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење.
За обвинтелката Фатиме Фетаи не се расправаше, а претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, на почетокот информираше дека документите на Фатиме Фетаи се некомплетни и дека Советот не пристапува на гласање.
Љупчо Коцевски кој доаѓа од републичкото Јавно обвинителство, на чие чело се кандидира да биде извран, а кој доставил уредна документација.
Членот на Советот Иџет Мемети, рече дека во овој оглас има многу мал број кандидати, односно само двајца и посочи дека во сегашниот состав Советот пред една година го избрал Коцевски за јавен обвинител во ЈОРСМ.
„Не случајно како Совет го избравме за јавен обвинител. Мислам дека се работи за најсериозен кандидат, треба да добие позитивно мислење и посакувам да биде избран, од причина, што мислам дека може да се носи со функцијата и дека може да ги сплотува состојбите во Обвинителството и тоа да може да работи“, изјави Мемети.






