Љума: ЕУ конкретно да ја притисне Бугарија за преговорите на Македонија

„Ако Европската Унија изврши малку подиректен и поголем притисок, не само на декларативен начин, врз соседна Бугарија, тогаш мислам дека на Македонија ќе и биде отворен патот кон ЕУ можеби не во јуни, туку барем во следното претседателствување со Унијата“ – смета политичкиот аналитичар Илир Љума од Македонија во изјавата за телевизијата „Клан Македонија“.



Коментирајќи ја посетата на премиерот Зоран Заев на официјален Брисел Љума вели дека „во моментот кога Бугарија ќе ги реши своите внатрешни прашања, како што е конституирањето на Владата, тогаш ќе се зголемат надежите за усогласување на двете земји“.

Овој политички аналитичар смета дека „заедничкиот евроатлантски пат на Македонија и Албанија не треба да се одделува“, нагласувајќи дека „И за албанската и за македонската страна би било добро работите да одат во пакет, заеднички, затоа што секогаш можеме да си помагаме едни на други во оваа насока“, објавува телевизијата „Клан Македонија“