Во согласност со годишниот план за вработување на Македонец/Македонка, Министерството за образование ја вработува Љуљиета Ќерими на работно место раководител на сектор за средно образование, образование на возрасни и доживотно учење.



На огласот е напоменато дека за тоа работното место е вработување на Македонец/ Македонска, дознава Макфакс.

Од Министерството за образование немаат конкретно објаснување како се случило на оглас за Македонец/Македонка да биде избрана Ќерими, но уверуваат дека изборот за кандидатката е целосно уреден.

„Во согласност со условите од јавниот конкурс избраниот кандидат е целосно уреден и има остварено најмногу поени во сите фази од процесот на селекција“, велат од кабинетот на министерот Јетон Шаќири за „Макфакс“.

Љуљиета Ќерими е поранешна директорка и заменик-директорка на основното училиште „Хасан Приштина“ во Чаир, која досега, според јавно достапните документи, се изјаснувала како Албанка.