Академик Катица Ќулавкова прави анализа на пописните правила и влијанието на формално правниот статус на македонскиот народ.
“Гледам повторно се релативизираат фактите и се шират невистини во врска со пописот на населението во Македонија. Во формуларот за пописот не постои графа народ, ни националност, туку само етничка заедница. Македонскиот народ, конститутивен на Република Македонија, е изедначен со некогашните националности или малцинства во Р. Македонија, заправо уште на понизок ранг, денес е само една од многуте етнички заедници (имплицитно и јазични, верски и др.), чијшто број и статус се менува во Уставот на Северна”, пишува Академик Катица Ќулавкова според која тоа што попишувачите прашуваат љубезно национална припадност, не значи ништо освен пописна мимикрија.

“А вие кои лажно го интерпретирате концептот на пописот, како од гледна точка на национална припадност, така и од гледна точка на бројните суштински малверзации кои се спротивни на меѓународните стандарди за попис на резидентното население (а не на фиктивни, отсутни и фалшиви информации), само учествувате во овој бескрупулозен инженеринг против македонскиот народ и против македонската нација во исто време“, анализира Ќулавкова за последиците од пописот.






