Од ВМРО – Народна партија, чиј лидер е Љубчо Георгиевск, кој беше премиер на Македонија за време на конфликтот 2001-ва, велат дека тенковите што сега се донираат како помош за Украина не биле донација тогаш, туку дека биле купени:



„Сакаме да потенцираме дека тенковите Република Македонија не ги доби како донација од Русија, како што пишуваат некои медиуми, туку државата ги купи од Украина, што беше многу важна помош со оглед дека тогаш имаше неофицијално емабрго за продажба на оружје за Македонија. Сакаме да додадеме и нагласиме дека дека тенковите не се добиени како помош туку се купени со македонски пари“, велат од ВМРО – Народна партија и дополнуваат дека добро е Македонија да добие некаква компензација од НАТО земјите, бидејќи ова оружје сѐ уште е функционално и употребливо.

Откако на социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа транспорт на тенкови, „360 степени“ се обрати до Министерството за одбрана од каде, потврдија дека станува збор за донација што земјава ѝ ја дава на Украина.

Дел од медиумите објавија дека овие тенкови Македонија ги добила како донација од Русија.