Љубчо Георгиевски не го дава статусот почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и почесен претседател, Љубчо Георгиевски, подготвува адвокатскиот тим за покренување на тужба против ВМРО-ДПМНЕ бидејќи смета дека веќе стекнатото право на почесен претседател на партијата не може да му биде одземено, пишува порталот Поглед.мк.



Според последните стратутарни измени, ВМРО-ДПМНЕ го укина статусот почесен претседател што го имаа поранешните лидери на партијата Љубчо Георгиевски и Никола Груевски.