Лижавчето и името – Пишува Мартин Стефановски

Последното официјално мерење на рејтингот на политичките субјекти во Грција е од 18 мај 2018 година.



Πολιτικό Βαρόμετρο 166 – Εκτίμηση εκλογικής επιρροής – Οι τάσεις του εκλογικού σώματος

Резултатите на оваа анкета покажуваат јасна предност од цели 19 проценти на опозиционата партија Нова демократија предводена од Мицотакис пред владеачката СИРИЗА предводена од премиерот Ципрас.

Доколку ги анализираме податоците од анкети спроведени од сите поголеми рејтинг агенции одејќи година две наназад, покажуваат јасна предност за партијата Неа демократија и нејзиниот водач Кирјакос Мицотакис.

Истиот тој Мицотакис во неколку наврати јасно и гласно порача не само до Ципрас, туку и до официјалните власти во Скопје, дека договорот за името, се додека во него има македонски идентитет за него е ништовен, капитулантски, против интересите на грчката нација, и кога ќе дојде на власт нема да го почитува.

Дали знаете дека Сириза, настрана Неа Демократија, нема подршка од ниту една друга поголема политичка партија во Грција кога станува збор за овој договор, напротив е осамена. И нивниот коалиционен партнер во владата партијата Независни Грци кажа дека нема да гласа за договорот и комплетно го отфрла.

Имам прашање до премиерот Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, сите членови и подржувачи на СДСМ и оваа власт, со кое право ветувате и лажете дека промената на уставното име ќе ни донесе членство во ЕУ и НАТО, а со тоа според вам и поубав живот, кога е повеќе од јасно дека во Грција сеуште нема создадено ниту минимум потребни услови за такво нешто.

Дали сте свесни дека со договорот кој планирате да го потпишете со Ципрас ја ставате на коцка цела држава играјќи на картата на демократскиот сенс на Мицотакис и Неа Демократија.

Кој од вас кои слепо подржувате обезличување ќе ми гарантира мене како граѓанин на оваа држава дека наредната година кога Мицотакис ќе стане премиер нема да побара и нови услови и отстапки на нашиот пат кон Европа?

Што е најтрагично нема да е првпат Грција да непочитува меѓународна спогодба потпишана со Македонија.

Се сеќавате на Времената Спогодба од 1995 година со која Македонија се откажа од државното знаме и се зачлени во ООН под привремената референца ФИРОМ, а Грција се обврза да не го блокира членството на Македонија во ЕУ и НАТО?

И интернационалниот Суд во Хаг порача дека Грција го прекршила овој меѓународен договор. Сепак и покрај тоа ние не станавме членки ни на НАТО ни на ЕУ.

Новинари барем вие сте свесни за тоа.
Вие треба да сте светилник коа ќе ја осветли вистината во овој мрак од владина платена пропаганда.
Зошто ќутите?

Договорот е лош бидејќи со него Македонија ќе се обезличи како за светот така и за по дома, а за возврат, нема да добие ниту членство во ЕУ ниту поубав живот туку само нови расистички барања од некој нов грчки андарт.

Кога бевме сите деца родителите не советуваа, да не влагаме во кола со некој што ни дава лижавчиња.

Е ова е лижавчето драги сограѓани.

Авторот е археолог – историчар и граѓански активист