Македонисти кои добро ги познаваат македонските дијалекти тврдат дека гледачот кој се јавил во програма на телевизијата 1тв е обид за спин и убедување на македонската јавност дека владата нема никаква одговорност за чочекот што беше одигран за време на отворањето на автопатот од Демир Капија до Смоквица.
Видеото кое го објавија голем дел од медиумите за лингвистите е срамен обид да се манипулира со јавноста за да се заштити нарушениот имиџ на владата која доби силни критики за блех музиката и за изиграните ора за време на отворањето на автопатот.
Секој што добро го познава македонскиот јазик може да препознае дека се работи за Скопјанка која се обидува да звучи како жителка на Тиквешијата но внимателно слушање на аудиото открива дека се работи за обид за медиумска измама, тврдат дијалектолози кои добро за познаваат оваа материја.
Во својата изјава гледачката користи два збора “казвате” и “хубав” кои што се бугарски зборови а кои воопшто не ги користат жителите на централна Македонија. Овие два збора не ги користат дури ни жителите на пограничните делови со Бугарија.
Најдобар доказ дека се работи за обид за манипулација на јавноста е користењето на зборот “телевизија” кој се акцентира на начин кој е толку неприроден што дури и на човек што е не е лингвист му укажува дека нешто не е во ред.
Прашањата на водителот на програмата кој ја наведува “играорката” во правец на преземање на одговорноста на вработените на грчката фирма само дополнително отвара дилеми за целта на јавувањето кое денеска ги преплави порталите и медиумите.
Фактот што телевизијата во програма вклучила анонимна жена која тврди дека играла оро а притоа не го објавуваат нејзиниот идентитет е сомнителен затоа што вообичаено е во вакви ситуации да биде објавено нејзиното име и презиме.
Слушнете го јавувањето и самите заклучете дали се работи за измама.




