Лингвист одредува цени на лекови, како се местат огласи во здравството

Пред неколку дена expres.mk објави информација за резултати од оглас во министерството за здравство според кои од вкупно 17 унапредени само 3 се Македонци.



Подлабока анализа на случајот открива дека меѓу 17 унапредувања има примери кои можат да бидат предмет на истрага на обвинителството или антикорупциската комисија.

Државниот секретар во министерството за здравство Јусуф Хасани од Демократската партија на Турците стои зад скандалозниот оглас во кој се додавани или одземани квалификации на кандидати со цел да бидат избрани тие што се договорени меѓу Хасани и министерот Сали, тврдат вработени во министерството за здравство.

Примерот со раководителот на одделение за утврдување на цени на лекови каде се бара лингвист е особено интересен затоа што преку него најдобро се гледа како се мести интерен оглас во здравството:

1. Огласот најпрво воопшто не се објавува на веб страна на Министерство за здравство

2. Огласот се дополнува во стручни квалификации – струка која врска нема со работната позиција – во случајов лингвист ќе определува цена на лекови во фармација

3. Во огласот во делот за работно искуство се дополнува со “работа во приватен сектор” нешто што нема никаква логика ниту законска основа но очигледно кандидатот ги имал само тие квалификации

На крајот унапредениот со одлука на државниот секретар Јусуф Хасани избрал лингвист за шеф на одделението за утврдување на цени на лекови.