Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи во твитот на денот ги поврза некогашниот англиски фудбалски голгетер Гери Линекер и вицепремиерката и министерка за одбрана од СДСМ, Радмила Шекеринска.
„Да го парафразирам Гери Линекер. Реформите и демократијата се муабетот кој СДСМ го врти 3 години и 11 месеци. За да на крај ја уфрлат Рада“, твитна поранешниот амбасадор Зеколи.
Покрај по фудбалските вештини, Линекер ќе остане запаметен и по изјавата дека „фудбалот е едноставна игра во која 22 мажи бркаат топка 90 минути и на крајот секогаш победуваат Германците“.





