Основачите на партиите ДОМ И Демократски сојуз, Лиле Поповска и Павле Трајанов се вознемирени од интервјуто на Заев за БГНЕС но не доволно за да излезат од владата.
„Премиерот, како и сите македонски граѓани, има право на личен став за односите со Република Бугарија и за начините на решение на спорот, но тој ја има и одговорноста тоа што го говори да не ги повредува чувствата на Македонците и да изнаоѓа решенија кои ќе ги заштитат државните и националните интереси”, изјави Павле Трајанов по интервјуто на Заев и потсети дека антифашистичката борба и АСНОМ се во темелите на македонската држава и не смее да се дозволи релативизација на улогата на тогашниот фашистички режим на нашиот источен сосед.
Предходно Лиле Поповска беше до болка повредена од изјавите на Заев за БГНЕС.
Нивните партии не најавија дека размислуваат поради тоа што Заев им нанесе болка или ги повреди чувствата на граѓаните да заминат од коалицијата на човекот што ја предизвика болката.






