М„Секој нормален човек знае дека ваков рудник не се прави кај населено место. Од информациите со кои располагаме, многу нешта во врска со оваа инвестиција се сомнителни и мириса на корупција“ изјави екс-претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска која се приклучи на денешниот протест против отворањето на рудникот, Иловица-Штука, во Босилово.
На протестот, собраните испратија пораката дека не сакаат отворање на рудникот и сакаат здрава котлина и здрав живот.
Ова е еден од низата протести во последниве две години на кои се бара да се спречи отворање на рудникот за бакар, и жителите порачуваат концесионерот „Еуромакс рисорсис“ да си замине од тука, потсетува Макфакс.





