Меѓународниот ланец на супермаркети „Лидл“ кој има 11.200 продажни објекти во 32 земји ширум светот и вработува повеќе од 310.000 луѓе на глобално ниво е дподготвен да влезе и во Македонија.
Објавен е конкурс за вработување со кој се бараат продажен специјалист, сметководител, бренд стратег, специјалист за човечки ресурси.Од огласот би можело да се заклучи дека оваа позната странска компанија бара високообразовани потенцијални кандидати. Од нив веројатно ќе се очекува да ги создадат основите на новата компанија во земјава, и во однос на рекламирањето на овој трговски бренд, но и во однос на изборот и регрутирањето на кадар што ќе работи во нивните маркети.
Од „Лидл“ се уште не открија детали колку продавници ќе има во Македонија и каде ќе бидат лоцирани. Единствено што официјално беше објавено е дека компанијата се интересирала за локација во скопска Кисела Вода.







