На разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова да и биде одземен пасошто, да се јавува повремено во суд и да и се забрани вршење на одредени дејствија, одлучи судијата на претходна постапка кој го прифати таквиот предлог на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Финасиската полиција поднесе кривична пријава против димова и уште 3 лица, а Обвинителството отоври истрага за неколку кривични дела. Осомничените се товарат дека причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543 денари или над 400.000 евра.






