Не е постигнат договор околу клучните прашања кои треба да го одблокираат процесот на формирање на ДИК и потоа за одржување на референдум за Договорот со Грција и за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, на денешенлата лидерска средба во Клубот на пратениците.
„Секако дека има разлики кај партиите, меѓутоа сите треба да се ангажираме да има успешна завршница на имплементацијата на Договорот постигнат со Грција. Бидејќи не се исцрпени сите опции останува да се разговара во наредните денови и очекувам сите да дејствуваат храбро и да не ја пропштиме оваа историска шанса“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, пренесе „Алсат.
Ахмети се надева дека во наредните денови сепак ќе се најде решение.
На средбата присуствуваа и лидерот на СДСМ Зоран Заев, шефот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и првиот човек на Движењето Беса Лидер Касами.
Според Касами , „државата е во многу критична фаза“ и затоа според нив интензивните преговори меѓу партиите се многу важни.





