Премиерот Зоран Заев останува оптимист дека ќе се решат проблемите со соседна Бугарија, но дека не е потребна лидерска средба затоа што тоа може да му одмогне на процесот.



Заев истакна дека Бугарија не бара промена на Устав од с.Македонија.

Ниту пак се бара нов договор бидејќи со тоа би се поништил потпишаниот Договор за добрососедство кој, според него, е добар..

„Јас верувам дека ќе има договор, неколку пати со Бугарија јавно зборувавме за народот, за јазикот. Борисов беше тука и испрати порака до македонскиот народ, дека ја признава реалноста на македонскиот јазик. Секогаш сме подготвени да ги потврдиме сите наши уставни определби. Верувам дека низ духот на пријателството ќе ги решаваме прашањата“, рече Заев по меѓународната научна конференција за македонскиот јазик.

За предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба премиерот рече:

„Мицкоски ниту имал става, ниту во нешто се вклучил да помогне во историскиот исчекор на земјата. Процесот се води преку МНР, верувам дека ќе се најдат решенија.

Можно е да одмогнеме на процесот ако свикуваме лидерска средба. Тоа не е прашање на кое лидерите треба да се натегаат, се со цел државата да тапка во место“, изјави Заев. ТВ.21