Лидерот предупреди, денеска договорено ЛДП да остане во Влада…

На денешната средба меѓу раководството на ЛДП и СДСМ раководено од новиот лидер Димитар Ковачевски биле договорени програмските политики важни за либералдемократите во делот на економијата, екологијата и изборните реформи, соопштуваат од ЛДП.



Лидерот на ЛДП и актуелен министер за локална самоуправа, Горан Милевски, во интервју за РСЕ рече дека пред новиот мандатар ќе настапат со нова платформа и доколку таа биде прифатена ќе ја продолжат соработката и со новиот мандатар и со новиот лидер на СДСМ.

Милевски во неделното интервју за Радио Слободна Европа, незадоволен од „прераспределбата на местатат што г доби „Алтернатива“ со приклучување на мнозинството, „предупреди“ дека ако ЛДП излезе од Влада, ќе има нови избори.