Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им кажал НЕ за уставни измени на американски амбасадори во Скопје

Делегација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски денеска имала средба со Советот на американски амбасадори, кои се наоѓаат во посета на земјава.



На средбата на која што се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација на Македонија како и македонските евроинтеграции, гостите од Вашингтон добиле јасно НЕ за уставни измени под бугарски диктат.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на средбата истакнал дека „уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има“.

„Мицкоски потенцира дека местото на Македонија е во Европската Унија, но за Македонија треба да важат истите услови како и за останатите земји членки, односно патот на земјава во ЕУ треба да биде базиран на Копенхашките критериуми и без дополнителни услови“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.