„Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ има раскол или недоразбирања од голем размер, се лажат. ВМРО-ДПМНЕ е единствено“, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во ексклузивното интервју за „Канал 5.
„Потпретседателот Митко Јанчев, поранешниот висок функцинер на партијата, Никола Тодоров… излегоа со сопствен став кој е во рамки на партискиот став. Јас не така одамна во една емисија кажав дека партискиот став е едно големо множество и во него има многу подмножества, така што нашето големо множество ги опфаќа сите оние граѓани кои на 30 септември ќе постапат на начин на кој ќе постапат, ќе апситинираат, ќе излезат и ќе гласаат вака или онака или еве како Тодоров ќе го направат ливчето неважечко“, вели Мицковскиво интервјуто за „Канал 5“.





