Бројката на партиски гласови која ја добил старо-новиот лидер на партијата што ја објави СДСМ, покажува дека само нешто повеќе од 3 % од вкупното македонското гласачко тело ја дало својата поддршка за Зоран Заев на вчерашните внатрепартиски избори.
Во Македонија има околу 1 милион и 800 илјади гласачи според избирачкиот список на ДИК.
Бројката од околу 59 илјади гласови кои ги доби вчера Заев е еднакво на околу 3,3 % (1 % = 18000 гласачи) од вкупниот број гласови кои можат да се добијат на парламентарни избори во Македонија.
Со оваа бројка на гласови на вистински избори Заев би добил малку повеќе од 6 % од гласовите на излезност од нешто над 1 милион луѓе колку што вообичаено гласаат во Македонија во нормални услови.
Доколку оваа бројка се претвори во број на пратеници тоа значи дека Заев има гарантирани 6 до 7 пратеници во Собранието со гласовите од неговата партија а останатите гласови (и пратеници) му доаѓаат од други категории граѓани надвор од СДСМ.
Дали овие бројки му даваат легитимитет на Заев да владее со целата држава е прашање на кое што треба да си одговори секој граѓанин лично.






