Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис заедно со неговиот сопруг, доцна синоќа во ЛГБТ+ клуб во Атина го прослави изгласувањето на законот за истополовите бракови во Грција и на присутните им порача да бидат горди на себе, јави дописничката на МИА од Атина.



Грција прва православна земја што ги легализира истополовите бракови

Каселакис, кој во октомври минатата година стапи во цивилен брак во САД со неговиот партнер Тејлор Макбет, преку социјалните мрежи соопшти дека ќе присуствува на најавената забава за легализацијата на истополовите бракови, коментирајќи дека тоа „не е мислење, тоа е нашиот живот“, додека пак во текот на вечерта им се обрати на присутните.

„Браво за вас, браво за нас што сме на вистинскиот пат. Продолжуваме натаму, современо општество, современа Грција. Бидете горди на себе“, порача Каселакис.

 

 

При пристигнувањето во клубот изјави дека без поддршката од СИРИЗА, законот немаше да биде изгласан.