Пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ поставува логично прашање поврзано со прифаќањето на бугарските услови од страна на владата на СДСМ и ДУИ.
,,Ако бугарската влада на чело со Петков падна и покрај прифаќањето на бугарските услови од страна на ЕК (француски предлог) сосема оправдано се наметнува прашањето како треба да заврши владата на Ковачевски? Ако се има во предвид дека францускиот предлог е всушност предлог на договорот помеѓу Петков и Ковачевски”, прашува Стоиљковиќ и истовремено меѓу редови во прашањето го дава и одговорот.






