Почетокот на македонските преговори со ЕУ е ограничен со идентитетски проблеми и се однесува на македонскиот народ, кој тврди спротивно лаже, манипулира и ја навредува интелегенцијата на нормалните луѓе. Не би навлегувал во идентитетските прашања затоа што пратениците Македонци беа доволно убедливи во своите настапи, би се задржал на политичките последици од онаа што се случува затоа што истите се извор на длабока недоверба и нестабилност во државата.
Клучните грешки на процесите на загрозување на македонскиот идентитет, се уништувањето на инструментите на рамнотежа кои произлегоа од Рамковниот договор, рушењето на принципот победник со победник, рушење односно доведување до апсурд на Бадентеровото мнозинство како инструменти за меѓуетничка рамнотежа и задушување на Комитетот за односи помеѓу заедниците, кој нели беше предвиден како втор дом на Собранието. Последиците од ваквиот пристап ќе го заробат општеството во блатото на недоверба што ќе генерира сериозни проблеми во функционирањето на државата.
Оваа порака денеска до СДСМ ја упатува лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ.
,,Еден од клучните моменти на рамковниот договор беше враќањето на довербата епа со вашите политики ја зголемивте недовербата до највисоко можно ниво. Општеството веќе со чекори од седум миљи навлезе во бинационалност, а рушењето на инструментите на национална рамнотежа од рамковниот договор на брза трака ќе ги стави овие процеси. И не се Марсовците тие кои ја дестабилизираат Македонија, дестабилизацијате е резултат на Вашите политики.
Доколку сето оваа се прави несвесно, можеби има некои шанси работите да се вратат во нормала, инаку во политиката нема случајности, во спротивност истите ќе бидат добра подлога за политичка, економска и секаква друга дестабилизација на државата во времето пред нас. Ете толку ја стабилизиравте државата и ги отворивте перспективите, жално!
Сатисфакција што после серија конвертитства СДСМ го покажа своето вистинско лице. Да ве подсетам на денунцирањето на кое бев изложен од Ваша страна во врска со коалицирањето со ВМРО ДПМНЕ. Па сега бидејки сите конструкции против мене ви пропаднаа ми останува само кога ќе ме сретнете да ми ја изрецитирате песмичката “ас сум мало Блгарче”, ако не сакате, јас постојано ќе ве подсетувам на истата.
Најголем куриозитет е фактот дека првите луѓе на овој процес се од Црвено Куманово каде во изминативе недели не сретнав човек кој е за прифакање на овој ултиматум и лично ваквото однесување го сметам за голема навреда кон мојот град, кон народните херои и сите оние кои со огромна почит се однесуваат кон придобивките на НОБ, па затоа уште потешко паѓа што истите тие на големи врати, после 81 година го враќаат администраторот на местото на злосторството. Сум рекол, да ви повторам, кокетирањето со историскиот ревизионизам скапо ќе ја чини државата, македонскиот народ и сите нејзини граѓани.
Тоа што ДУИ ви ги соблече гаките, а прифаќањето на бугарските уцени до крај ве разобличи и Вас и вашите политики кои не знам како да ги окарактеризирам, како оксиморонство, профитеронство или само моронство ми е сериозна сатисфакција после се на што ме изложивте.
Променивте толку политики што сосема јасно станува дека и теоријата и праксата станаа сосема беспомошни во објаснувањата на тоа што правите.
Се негирате самите себеси, се лажете себеси и граганите и нема крај. Се заплеткавте во сопствените лаги, интриги, предавства и криминали како маче во клопче волница.
Нема аргументи за ништо што работите, само гола импровизација, список на убави желби и константно лажење и обмана на јавноста. ЕУ ја користите како изговор за останување на власт и оправдување на криминалот во кој длабоко сте потонале.
Така е и со заклучоците со кои се обидувате да си ја покриете бруката и капитулацијата па сте си наредиле список на убави желби кои немаат врска со реалноста и кои вопшто не кореспондираат со документите и заклучоците на ЕУ или она што популарно се нарекува француски предлог”, вели Стоиљковиќ.




