Лидерот на “Демократската унија за зеленило” го доби бараниот противник

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши му дава предност на лидерот на Алијанса за Албанците Зиадин Села да дебатира со лидерот на Демократската интеграција за зеленило како што Гаши сатирично ја нарекува ДУИ.



„Претседателот на Демократскиот интеграција за зеленило се согласи да се појави на дебата со албанската опозиција, под услов да се договориме кој ќе дебатира со него. Ја поздравувам оваа подготвеност и мило ми е што по две децении тој се согласи да излезе на дебатата. Најмала работа е дали јас, или Зиадин ќе бидеме наспроти него. Може и тој да избере, но јас му давам предност на претседателот на Алијансата на Албанците Зиадин Села.“ – напиша на фејсбук Африм Гаши, претседателот на Алтернатива.“ го пренесе „Лајм“ пишувањето на ТВ 21.

„Во емисијата ‘КликПлус’ на ТВ 21 Ахмети на прашањето кога ќе излезе на дебата со Села одговори дека треба првин да се договорат кој е претседател на опозицијата и тогаш тој ќе се појави на дебата.

Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, исто така изрази подготвеност за ТВ – соочување со Ахмети, но додаде дека за тоа треба да разговара и со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши“ – пренесува „Лајм“.