Лидерот на Демократска Бугарија: Добивме исклучително добар предлог

Лидерот на Демократска Бугарија е задоволен од франсцускиот предлог и вели дека е во корист на Бугарија во решавањето на спорот со Македонија



„Конечно го добивме резултатот од напорите за посредување на Франција. Го прочитав предлогот многу внимателно. Разговарав и со многу авторитетни дипломати од различни политички сили.

Општо мислење е дека ова е многу добра работа.

Сакам сите да ме слушнат, ова е исклучително добар предлог за Бугарија, кој сме подготвени да го фрлиме во ѓубре бидејќи во моментов сме во домашен скандал – изјави Христо Иванов, лидерот на Демократска Бугарија за Нова ТВ.

Иванов вели дека според предлогот, Македонија треба да се заложи пред ЕУ да го промени својот устав и да ги регистрира Бугарите како еден од народите кои градат држава.

Ако Македонија не го направи ова – нема да има преговори за ЕУ, нема да го укинеме ветото. Франција е посветена да ни помогне и кога велам дека предлогот е добар за Бугарија, го кажувам затоа што и самата министерка за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска го потврди на расправата во Народното собрание, рече Христо Иванов.

Според Иванов, ДБ ќе го поддржи францускиот предлог за Македонија доколку влезе на расправа во пленарната сала на Собранието.