Не е постигнат консензус за буџетот на Унијата за периодот 2021-2027 година на дводеневната средба на лидерите на 27-те членки на ЕУ.
„За жал, не беше можно да се постигне договор денес. Ни треба повеќе време“, рече претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел по самитот во Брисел.
По речиси 30 часа разговори, вонредниот самит на ЕУ во Брисел заврши синоќа без консензус за заеднички буџет за наредниот седумгодишен период.
На крајот на вториот ден од самитот, Чарлс Мишел оцени дека буџетските преговори се „секогаш тешка тема“, а годинава тие беа особено комплицирани бидејќи со напуштањето на Велика Британија на Унијата ќе осдтане покуса за 60 до 75 милијарди евра колку што изнесуваше британскиот придонес вои заедничката каса на ЕУ.
Европскиот совет соопшти дека сè уште не можат да го одредат датумот на следниот состанок за буџетот.
Дипломатски извори забележуваат дека претседателот на Европскиот совет Мишел не сака оваа тема да биде вклучена во агендата на редовниот самит на ЕУ, кој треба да биде посветен на договарање за продолжување на политиката за проширување на ЕУ.
Земјите-членки на ЕУ не успеаја да се согласат за обемот на идниот буџет на ЕУ, т.е. придонесот што секој член треба да го даде во заедничката ризница. Во исто време, не постои договор за распределба на обични пари по сектор.
Европската комисија уште во 2018 година предложи учеството на земјите-членки во седумгодишниот буџет на ЕУ за периодот 2021 до 2027 година да биде 1,11 проценти од БДП.
Но, земјите кои се намногу придонесуваат во заедничкиот буџет, како што се Данска, Австрија, Холандија и Шведска, се против издвојувањето да надминува еден процент од БДП.




