„Лидер“ вечерва ќе објави нова „бомба“ за Рашковски

Порталот “Економски Лидер” најави дека вечерва ќе објави нови аудио снимки за спорната средба на генералниот секретар на владата Драги Рашковски со италијанската компанија “Леоноардо”.



„Лидер“ најавува дека во снимките има спорни делови кои даваат индиции за кршење на закони и кривични дела.

За порталот, заедно со уште неколку други медиуми, новинари и партии, кои објавија дека постојат индиции за спорен тендер меѓу М-НАВ во корист на италијанската „Леонардо“, ген-секот Рашковски најави тужби.

На специјално организираната прес-конференција за која најави декја ќе биде отворн за сите прашања, Рашковски одби да одговори на на повеќето.

Пресот, сепак, го искористи да упати „Извинување до небо“ за ситеоние кои се нашле навредени, како што рече од неговите расистички и навредливи коментари на сметка на еднна европска нација и на едно малцинство.

АВМУ, МАН и ЗНМ го осудија овој чекор на ген-секот како обид за притисок врз медиумите.