„Лидер“: Оставката на Јанева поврзана со апсењето на „Боки 13“!?

Економски Лидер од свои извори дознава дека оставката на шефицата на СЈО Катица Јанева е поврзана токму со апсењето на Бојан Јовановски, алијас „Боки 13“ и неговиот пријател Милевски, денеска на граничниот премин „Богородица“..



Според сознанијата на порталот, двајцата изнудувале пари од познат бизнисмен обвинет во предметот „Империја“ и кој важи за еден од најбогатите во Македонија, од кој Јовановски и Милевски барале 8 милиони евра за ослободителна пресуда или 5 милиони евра за намалување на казната.

Боки 13 изнудувал пари благодарение на неговата бизнис поврзаност со Катица Јанева, чиј син, Лазар Јанев, е вработен во раководните структури на 1 ТВ како директор на маркетинг, пишува „Лидер“.

Освен што нејзиниот син е вработен во телевизијата на Јовановски, Јанева со сега приведениот е во блиски пријателски односи веќе неколку години, пишува Економски лидер..