„Пред две години Демократската унија за интеграција го започна процесот на внатрешнопартискиот ветинг, на проверката и постојано се фали дека е единствената партија во Македонија, која спроведува таков процес за ‘потврдување на чистотата на сликата’ за партијата. Целта на ветингот, на проверката е да се потврди потеклото на богатството и на можните врски со светот на криминалот. Но, пред и за заврши одлучено е да се прекине тој процес, бидејќи ‘многу функционери имаат богатство, кое не можат да го оправдаат ниту со своите плати, ниту со легалните бизниси, што ги имаат.“ – вели информативниот портал на албански јазик „Лидер.мк“ во својата статија со наслов „ДУИ го прекинува процесот на ветингот, проверката – многу нејзини функционери не можат да дадат образложение и оправдување за потеклото на своето богатство?!
„Лидер.мк“ пишува: „Еден дел на функционерите на партијата на Ахмети се збогатиле за време на владеењето на ДУИ – ВМРО ДПМНЕ, додека еден друг дел од нив забележаа огромно зголемување на богатството по бегањето на Груевски. Ги прашавме дали му помогнале на Груевски да избега, но немаме одговор. Поради оваа причина, процесот на ветингот – проверката е затворен, а ‘резултатите нема да бидат објавени во јавноста’ – велат партиски извори загрижени оти ‘оваа несериозност со ветингот, проверката и наштетува на партијата.“
„Да го имавме продолжено ветингот, проверката и да ги објавевме резултатите во јавноста, ќе се најдевме во опасност да останеме без кадри за позициите, кои ги имаме во власта’ – нагласуваат истите извори во ДУИ. Според нив, резултатите од проверката за сите функционери на партијата ги имаат само лидерот Али Ахмети и Артан Груби, но тие резултати нема да бидат објавени во јавноста.“
„Ако е ова вистина, тогаш ДУИ е првата партија, која ја спровела проверката, но е и првата партија, која го прекинала овој процес, без да ги открие резултатите во јавноста. Не се верува дека партијата ќе стори нешто против своите функционери, кои не можат да го оправдаат богатството.“ – заклучува „Лидер.мк“ во својата статија.
Home Македонија „Лидер.мк“: Многу функционери на ДУИ немаат образложение и оправдување за потеклото на...





