„Лидер“: Имало притисоци да нема притвор за Драги Рашковски!?

Порталот Лидер, од извори во Истражниот суд, дознава дека било одлучено да му се одреди притвор на Драги Рашковски, но дека имало огромен притисок да се одреди мерка тој да се брани од слобода или да биде во домашен притвор, објави „Лидер“.



„Во текот на целиот ден ѕвонат телефоните на луѓето блиски до судиите од кои се бара Рашковски да не биде ставен позади решетки. Притисокот доаѓа директно од премиерот Зоран Заев и од луѓето блиски до него“, тврди извор на „Лидер“.