„Лидер“ ги открива имињата на жртвите на рекетарската група

Рекетот на групата Боки 13, Зоран Милевски Кичеец и шефицата на СЈО Катица Јанева, не завршил кај бизнисменот Јордан Камчев кој случајот го пријавил во полиција – дознава „Економски лидер“ од извори во истрагата.



Освен Камчев, биле рекетирани и десетици други бизнисмени и компании кои платиле рекет вреден над 5 милиони евра.

Во синоќешниот претрес, во компјутерот на Јовановски биле пронајдени компромитирачки материјали за педесетина познати бизнисмени, а имало и снимки со приватна содржина од сексуални односи.

„Лидер“ неофицијално дознава дека биле изнудени пари од печатницата „ЕВРОПА 92“, чиј сопственик Ратко Димитровски платил 500.000 евра за СЈО да му го врати пасошот и да го стопира прогонот во случајот „Поштенска Банка“.

Рекетиран бил и сопственикот на компанијата „НОЕЛ“ од Гевгелија, Томе Главчев, кој платил рекет вреден неверојатни 1 милионевра, за Катица Јанева и СЈО.

Жртва на рекет на обвинителско-медиумската групација бил и Цветан Панделески, газдата на „Лозар Пелистерка“, кој исто како и Орце Камчев беше дел од случајот Империја“ и исто како Камчев беше ослободен од притвор и му беше вратен пасошот, за што Панделевски платил 1.5 милиони евра.

Рекетиран бил и бизнисменот Владимир Тодоровиќ од „ТИНЕКС“, од кого оваа група извлекла 200.000 евра.

Жртва на рекетот била и компанијата „Трим и Лум“ од Струга, која наводно платила 800.000евра, како и бизнисменот Зоран Азманов од „НАСТЕЛ“, кој јавно проговори дека бил рекетиран.