Лицитирање со Изборниот законик: БЕСА сака 3 изборни единици

Од Беса не се согласуваат за една изборна единица, предлог на ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека е подобро да има три и дека самото нивно окрупнување нема да предизвика одредени проблеми.



„Ние предлагаме многу лесно административно се менаџира. Значи првата и втората изборна единица се соединуваат, третата и четвртата изборна единица, се соединуваат, петтата и шестата и на некој начин и се окрупнуваат овие изборни единици, а административно и технички да биде многу изводливо. Апсолутно Изборниот закон би требало да се донесе консензуално и досега тоа било случај кај нас, значи сите политички партии, сите кои се вклучени во нашето Собрание да се договориме да се донесе такво решение“, рече Фадиљ Зендели од БЕСА.

И останатите партии на Албанците во земјава досега се изјасниле дека се против една изборна единица.

ВМРО-ДПМНЕ деновиве имаше средба и со други политички партии околу овој предлог за една изборна единица, за која пак подолг временски период инсистираат помалите политички партии, а Демократскиот сојуз на ПавлеТрајанови доби позитвни сигнали…