Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е сериозен кандидат за нов генерален секретар на НАТО, пишуваат шведските медиуми.



Според нив, шведската јавност го смета Пленковиќ за еден од лидерите на Европската народна партија и влијателна личност во ЕУ.

Три жени кандидатки за местото на Столтенберг

Можен кандидат е и романскиот претседател Клаус Јоханис.

Два дневни шведски весници, социјалдемократскиот „Афтонбладет“ и конзервативниот „Свенска дагбладет“ наведуваат како главна причина што земјите од источна и централна Европа долго време се чувствуваат запоставени во распределбата на клучните давачки во Европската унија и НАТО.

Мандатот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истекува на 30 септември годинава и се очекува името на неговиот наследник да биде познато до самитот на НАТО во главниот град на Литванија, Вилнус на 11 и 12 јули.