Личните карти ќе важат и по 12 февруари

Личните карти, документи кои се за внатрешна употреба, ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, 12 февруари, а за пасошите ќе се разгледаат сите опции, изјави денеска премиерот Димитар Ковечевски.
„Ќе ги испитаме сите опции со цел, ако има потреба, да се направи пролонгирање во делот на пасошите бидејќи тие им служат за граѓаните да може да патуваат надвор од земјата“, речепремиерот.

Тој информираше декас МВР веќе издало над 1,2 милиони пасоши со новото име на државата.