Лицето што го потпиша „преспанскиот“ сега „потпишува“ и за Шилегов

Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, преку фејсбук јавно го поддржа Петре Шилегов.



„Со ова писание сакам да му дадам искрена и сесрдна поддршка на Петре Шилегов. Ќе гласам за него во недела, со чиста совест, пишува Димитров во опширната објава на Фејсбук.

„Дали Петре направи многу за Скопје во првиот мандат? Апсолутно.

Дали е идеален градоначалник? Не верувам.

Дали е неспоредливо подобар од другата кандидатка? Немам никакви дилем“ пишува Димитров во писанието на Фејсбук кој на Шилегов му порачува

„Со среќа Петре! И со ум“.