Од регистрираните 790 новозаболени од Ковид-19 минатата недела, најголем број – 174 (22 отсто) се на возраст од 30 до 39 години, а 172 (21,8 отсто) се на возраст од над 60 години. Потоа следат лицата на возраст од 40 до 49 години, чиј број изнесува 134 (17 отсто) и лицата на возраст од 50 до 59 отсто, чиј број изнесува 129 (16,3 отсто, јави МИА.
Ова го покажувааат податоците за периодот од 31 август до 6 септември.
Според извештајот, најмал број заболени е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=22; 2,8 отсто) и на возраст од 10 до 19 години (n=40; 5,1 отсто).
Бројот на регистрираните 790 нови позитивни случаи минатата недела (од 31 август до 6 септември) е за 18,9 отсто поголем од бројот на дијагностицираните во седмицата пред неа. Најголем број од регистрираните позитивни случаи од 32 града се од Скопје.






