Либија пред нова граѓанска војна

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска  се сретнал со либискиот командант Калифа Хафтар во Бенгази, во обид да ја спречи речиси сигурната граѓанска војна, додека неговите сили напредуваа во главниот град Триполи за да ја соборат меѓународно признаената влада.



Вчера, Хафтар нареди движење на своите сили кон Триполи. Неговите сили го опколија градот од југ и запад.

Офанзива претставува драматична ескалација на борбата за власт која во Либија трае  откако беше убиен лидерот Моамер Гадафи во 2011 година.

Освојувањето на Триполи би претставувало „трофеј“  за паралелна влада на Хафтар.

 Во 2014 година тој ги обедини преостанатите војници лојални на Гадафи и ја презеде власта над најголемиот град во источниот дел на земјата, Бенгази.

Годинава тие ја презедоа власта и над нафтените полиња на југот на земјата.

Офанзивата беше изненадување за ОН, чиј генерален секретар во средата отпатува во Триполи за да помогне во организирањето на национална конференција за помирување.

Но засега, нема знаци дека источните сили ќе престанат поради говорот на Хафтар, кој повика на победа.

Од соборувањето на Гадафи, Либија е поделена меѓу владата во Триполи поддржана од ОН и паралелната администрациј на Хафтар.