Активистот за правата на ЛГБТ заедницата Кочо Андоновски во интервју за Алфа ТВ вели дека ако премиерот Заев зборот педер го користи како карактерна особина тогаш логично е и зборот политичар да може да се користи за опис на карактерни особини.
Андоновски вели дека тој и припадниците на ЛГБТ заедницата се навредени од изразот што го употребил Заев кој што како човек кој и помагал на оваа заедница не смеел да направи ваков чекор.






