ЛГБТ активистка откри како СДСМ уценува граѓани за глас на изборите

Една од најактивните борци за правата на ЛГБТ заедницата Билјана Гинова открива како СДСМ се обидува да дојде до победа на престојните локални избори.



Гинова открива дека и се јавиле роднини да ја молат да ја стават на список за гласање за СДСМ и дека биле потребни одреден број на обезбедени гласови за родните да добијат вработување.

“Пак ми се јавија роднини (друг чоек сега) да ме стават на список за гласање за @SDSMakedonija (СДСМ). Не знам колку потписи за да го вработат. Едвај чекам дежурните бранители да ми кажат дека ова веќе не се случува, и дека ја живееме промената шо ја ветуваа, само јас ете не сум знаела”, пишува активистката.

Сличен систем предходно имаше и ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт.