На десет минути пред истекот на законскиот рок Левица поднесе 1.982 писмени приговори за парламентарните избори. Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, напиша на Фејсбук дека приговорите се пакувани во 4 регистратори а ги поднеле за да „си ги вратиме украдените тројца пратеници“.
Коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива по вчерашните 74 денеска поднесе уште 77 приговори.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе два приговори за сумирање на резултатите од изборите,а СДСМ не поднесе приговори.
Вкупно до ДИК има поднесено 2.141 приговори. Одлучувањето по нив ќе го одложи објавувањето на официјалните резултати (затоа што се можни и тужби пред Управниот суд).





