Левица: Крај на заевизмот, ДУИ оди во опозиција

„Денес на координативна средба политичките партии – Лeвица, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и Беса договорија пад на Владата на СДСМ-ДУИ.



Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција!

Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба – во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка“, соопшти партијата Левица по постигнатиот договор за формирање ново парламентарно мнозинство синоќа.

Овој договор – се вели понатаму во соопштението – во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ. Левица и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно – како единствен политички претставник на македонската угнетена класа. За идните избори и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство“.