Лидерот на Левица Димитар Апасиев верува дека има дефинирано прашање со кое е невозможно формално-правно да се одбие нивната иницијатива за референдумско изјаснување на граѓаните.
„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе ги напаѓаме Заклучоците, за да не му даваме муниција на Талат Џафери да изигрува уставен судија, односно да толкува Устав“, рече вчера (22.09) лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објаснувајќи како е дефинирано референдумското прашање.
„Прашањето би било: ‘Дали сте за продолжување на преговорите со Европската Унија, со прифаќање на собраниските Заклучоци од 16-ти јули 2022 година?’
Со ова мислиме дека е практично невозможно формално-правно да се одбие иницијативата и затоа одиме на оваа варијанта, чиј наратив е продолжување на духот на антивладините протести. Значи, наративот да биде ‘против’, а не ‘за’“, образложи Апасиев во гостување на ТВ „Канал 5“.
Тој потенцираше и дека иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ формално-правно била чиста, но проблемот е што Џафери „силеџиски“ постапил кон неа.







