Градоначалникот на Маврово-Ростуше, Медат Kуртовски од СДСМ, отуѓил емјиште со површина од 2.600 м2 во Mаврово за потребите на ИВЗ, информира партијата „Левица“ .
„ИВЗ, со одлука на Општина Маврово и Ростуше и со помош на Министерството за транспорт и врски, за багателна цена го доби најактрактивниот дел од крајбрежјето на Мавровско Eзеро, што ќе придонесе за негова нова еколошка катастрофа“, соопшти Левица.
„Ова се гледа од документите до кои дојдовме. Според нашите информации добиени од жители на Oпштина Маврово и Ростуше, а по извршениот увид во документите од Катастар, јасно се гледа дека ИВЗ фигурира како нов сопственик на парцели во месностите Каменци и Лесков дол, со површина од околу 2.600м2. Парцелите се наоѓаат во заштитениот појас околу Мавровското Езеро, кадешто не е дозволена никаква градба“, информираат од „Левица“.
Од партијата велат дека ова е уште еден корумпиран скандал на владата на СДС и ДУИ, после поништеното Решение за уривање на вилите на хотелот „Радика”. Такво решение беше донесено минатата година, од страна на второстепена комисија на Владата за инспекциски надзор, а по поднесена жалба на инвеститорот на „Радика ресорт“, во сопственост на косовскиот државјанин Шериф Рамука“, наведуваат од Левица. (Фактор)







