Левица бара слобода за Ламбе Алабаковски

Партијата „Левица“ денеска застана во одбрана на пејачот Ламбе Алабаковски, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола.



Од партијата сметаат дека потегот на Алабаковски е целосно оправдан, а дека секоја друга пресуда освен ослободителна за него ќе претставува, како што велат, антидржавнички чин и напад врз македонската државотворност, конституирана во АСНОМ.

„Во услови кога институциите на системот затајуваат да ги заштитат националните и државните интереси, целосно оправдан е потегот на веќе приведениот Ламбе Алабаковски. Секоја друга пресуда, освен ослободителна, ќе претставува анти-државнички чин и напад врз македонската државотворност, конституирана во АСНОМ!

Од тие причини, Левица ќе стапи во контакт со адвокатите кои ќе го застапуваат Алабаковски и ќе се понуди да ги покрие трошоците на одбраната“.

Целиот текст на реакцијата на Левица на следниот ЛИНК