Лидерот на Унијата на центарот побара формирање анкетна комисија откако ја нападна владата за начинот на кој се справила со името на Македонија.
Василис Левендис тврди дека „премиерот и министерот за надворешни работи ќе одговораат пред правдата“, пренесоа грчки медиуми..
„Гледам судови во иднина“, рекол претседателот на Унијата на центарот.
Во гостување на „Скај“ Левендис изјавил дека во парламентот му поставил прашање на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас „Дали одлучивте на совет на лидери или на референдум?“ на што добил негативен одговор.
Во врска со ова Левендис уште додал: „Јас ги предизвика: Ако имате аргументи, дојдфете меѓу луѓето и убедете ги“.
Рчиси 70 отсто од грчките граѓани се противат во името на северниот сосед да биде вклучен зборот „Македонија“ покажуваат анкетите.





