Со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар вчера беше запран возач кој со возилото се движел со 212 километри на час, соопштија од полицијата по вчерашната акција за контѕрола на брзината на движењето во ова подрачје.
„Во акциската контрола вкупно биле откриени и законски санкционирани 101 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на тетовското подрачје. Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле четири возачи кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното“ – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.






