Во текот на вчерашниот ден во Скопје полицијата изрече 211 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот.
На ноќните радари регистрирано е возило кое се движи со 183 километри на час.
„Од вкупниот број прекршоци, 81 санкција се за возење над дозволеното, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за некористење сигурносен појас, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Контролите продолжуваат и во наредните денови.






